7.8 C
Скопје
10:43 - 21 февруари, 2026

Констракта, до скоро незабележлива, а сега во центар на вниманието: Која е пораката на „In Corpore Sano“?

Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, по победата во финалето за избор на песна која ќе ја претставува Србија на Евровизија дојде во центар на вниманието на целиот Балкан.

Многумина го коментираат настапот на Констракта како еден од најоригиналните, додека седи на стол и ги мие раце и во нумерата „зборува“ за здравјето, а во рефренот ја повторува фразата „биди здрав“.

Еве што објасни Констракта за нејзината песна „In Corpore Sano“ (Во здраво тело“):

– „In Corpore Sano“ има многу придружни содржини, под темата на односот кон здравјето. Не можам да опфатам сѐ, но го издвојувам односот кон здравјето, кој оди од „мора“ до „може“. Од една страна, живееме во атмосфера (на страв) во која здравјето е поставено како највисока вредност зад која се крие енормна потрошувачка – изјави претходно Констракта.

– За здравјето се зборува како нешто што е целосно во наша контрола, само ако го правиме ова, го купуваме она, го следиме најновиот тренд, го слушаме тоа… Мора да се биде здрав. Тоа е притисокот што нѐ остава во страв. Од друга страна, можно е да се постигне еден здрав разумски однос во кој здравјето е донекаде во наши раце, и соодветно, болеста и конечно смртта се прифаќаат со помал страв. А системската поддршка е тенка, за жал како и во здравството така и во едукацијата на таа тема. Здравството е сè понедостапно и поскапо… И така натаму – изјавила Констракта за порталот Нова С.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....