12:58 - 31 јануари, 2026

Кому Владо Георгиев му ги посвети најубавите песни и зошто рече „не“ пред матичарот

Владо Георгиев, познат по прекарот Барба, е еден од најпознатите музичари на територијата на поранешна Југославија.

Роден е во Дубровник на 6 јуни 1977 година, но целиот живот го поминал во Херцег Нови. Музиката го интересирала уште од раното детство, а веќе на пет години почнал да „фаќа ритам“ удирајќи по мебелот.

Набрзо по неговото раѓање, семејството се преселило во Херцег Нови, каде што живеел до 16-годишна возраст, а потоа заедно со неговиот постар брат Саша се преселил во Белград. Родителите на Владо не биле баш среќни што избрал да се занимава со музика, туку повеќе сакале да „игра“ на посигурна карта.

Пред да почне да пее, Георгиев сакал да стане џез музичар, а извесно време свирел хармоника, синтисајзер и пијано.

Во 1990-тите се преселил во Белград и некое време живеел на улицата „Сараевска“ во хотелот „Турист“.

За време на хиперинфлацијата му било многу тешко, бидејќи, според неговите изјави, половина од платата ја давал за кутија цигари и долго време живеел како потстанар.

Владо е голем вљубеник во морето, а со својот мотоцикл „Харли Дејвидсон“ го пропатувал речиси половина свет.

Сака да пие добро вино, да слуша рибарски приказни, да седи покрај вода и да собира глобуси. Го интересираат спортови на вода и чамци. Тренирал џудо, а еден од поинтересните факти за него е тоа што се искачил на Хималаите.

Досега има соработувано со многу ѕвезди, а сопственик е и на студиото и издавачката куќа „Барба мјузик“.

Долги години е во хармонична врска со 14 години помладата манекенка Милица Самарџија.

Владо вели дека не сака жени кои се наметливи и доминантни во друштво и го привлекуваат оние што се нормални и умерени. Тој откри дека ги изневерувал своите поранешни партнери, но и дека бил изневеруван.

Убавата Милица ја запознал на кастингот за спотот „Искрено“. За неговиот 40-ти роденден, парот организираше лажна свадба на која и двајцата рекоа „не“.

Тие поканија пријатели и роднини во ресторан на Кошутњак, а славеникот и Милица ги пречекаа гостите со матичар. Меѓутоа, кога матичарот ги праша дали се спремни да се венчаат, и двајцата спремно изговорија „не“.

Во една прилика Владо изјави:

„Не би рекол дека Милица се адаптирала, туку дека сме „лонче и капаче“. И двајцата размислуваме потполно исто, почнувајќи од тоа дека сме против матичар, па сè натаму. Нè интересираат само факти, само она што е навистина важно“.

Владо и Милица имаат две ќерки, Софија и Елена.

Во текот на неговата 20-годишна кариера Владо има објавено три албуми, а повеќето од неговите песни имаат „скриена симболика“ од неговото романтично минато.

Песната „Реци ми да знам“ и ја посветил на својата поранешна девојка која наводно го изневерила со друга девојка. Се шпекулира и дека песната „Лажлива“ и ја посветил на Наташа Беквалац со која претходно беше во врска.

Песната „Шта би пријатељи моји“ им ја посветил на неговите пријатели, односно на некој љубовен пар, иако сите сметаат дека тоа е негова автобиографска песна.

Владо добро „плива“ и во филмските води – имаше епизодни улоги во сериите „Оно као љубав“ и „Певај брате“, се појави во филмот „Воена академија 2“ а во 2016 година, го позајми гласот на Кормил во американската 3D компјутерски анимирана комедија Finding Dora.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....