03:36 - 6 април, 2026

„Колку ве плаќаат за да бидете болни?“: Дракче доживеала шок пред да ја оперираат

Во моментот пред да се оперира, Драгица Стевковска-Дракче доживеала шок, откако прочитала многу лош коментар за нејзиниото здравје.

Познатата водителка и некогашна толкувачка на сонови, во Утринската програма на „Канал 5“ раскажа:

– Мене ми се случи пред операционата сала јас да прочитам: „Колку ве плаќаат за да бидете болни?“ Тоа беше многу грозно. Кој посакува да е болен?

Потоа имаше: „А, добро што бевте на покајание на божјиот гроб, и добро што ве освести Господ. Вие толкувавте соништа и затоа сте болна“. Толкувањето сонови е наука. Тоа е наука којашто јас 18 години ја изучував во однос на знаците во сонот.

За жал, завледеала злобата или несигурноста во нив дека тие можат да постигнат нешто во себе. Затоа атакуваат преку социјалните мрежи сакајќи да погрдат некоја личност.

Фото / Инстаграм

И за жал кога ги читаме секојдневно за која било јавна личност, сигурно дека во илјадници коментари ќе најдете пет до шест кои се груби, неубави, невкусни за читање. И се прашуваш: „Аман бре луѓе, зарем вие не ја познавате мојата душа?“ – рече Дракче.

– Не стануваше збор за болест што го нападнала мојот организам. Се случи несреќа. Паднав по скали. Мислев дека нема ништо сериозно, дека ќе помине, но по две недели се појавија првите симптоми, вртоглавици и повраќање.

Кога направивме рендген снимка, ми кажаа дека итно морам на кардиологија, затоа што срцето само што не експлодирало – рече познатата водителка на емисијата „Готвиме со Дракче“, во гостувањето на ТВ Канал 5.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....