05:41 - 3 април, 2026

Која е мистериозната жена што во чекор го следи Новак Ѓоковиќ?

За време на Вимблдон беше забележано дека Новак и Јелена Ѓоковиќ постојано се во друштво на една мистериозна жена, поради што медиумите почнаа да шпекулираат за кого се работи.

Иако светските медиуми, речиси секогаш, кога е во прашање најдобриот тенисер на светот, се желни за сензации, овојпат беа лишени од сензационалистички одговор.

Новак Ѓоковиќ е познат по тоа што постојано работи на себе, но и на подобрување на својот тим. Со цел неговата кариера да оди по нагорна патека уште долго време, Новак решил да поминува повеќе време со својата менаџерка, за да ја засили работата на својот имиџ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Елена Капеларо е задолжена за односите со јавност на Новак Ѓоковиќ, а Новак го запознала преку нејзиниот сопруг Едуардо Арталди, кога Ѓоковиќ пред десет години потпишал договор со Серџо Тачини, италијанската компанија за спортска опрема каде што работел Арталди.

Кога Новак се раздели со реномираниот италијански бренд, продолжи да работи со Арталди, кој ја напушти компанијата и стана дел од српско семејство.

„Практично живеевме заедно. Јас и Елена се обидовме да ја создадеме атмосферата што му е потребна, знаејќи колку време поминува на патување низ светот и дека е одвоен од семејството“, изјави неодамна Арталди.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....