Вратите на Клиниката „Жан Митрев“ се отворени за секој кому му е потребна медицинска помош, а тимот на клиниката е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност.
Клиника „Жан Митрев“ на располагање ги стави и амбулантните возила за да се стигне до сите на кои им е потребна помош.
„Ова се моменти кога мора да останеме сплотени, да си помогнеме и да покажеме дека никој не е сам. Со мислите и срцата сме со повредените и нивните семејства“, велат од Клиниката.
Психолог или психијатар? Каде да се обратам?
Психолог, психијатар или психотерапевт? Каде треба да се обратам? Кај кој од овие профили треба да го барам решението за мојот проблем?
Сите овие профили се занимаваат со менталното здравје, но сепак се работи за различни професии, пристапи и методи на работа.
Психологот е стручно лице што завршило универзитетски студии по психологија. Тој станува лиценциран психолог по една година стажирање и полагање државен испит во Комора на психолози. Психотерапевт е стручно лице, најчесто психолог, со постдипломска едукација (специјализација) од најмалку 4 години, во кој период минува низ лична работа на себе и искуствена групна работа. Се остручува за низа психолошки интервенции и техники од различни психотерапевтски правци, кои потоа ги применува при индивидуална или групна работа со пациенти. Психодијагностичар е психолог кој има дополнителна едукација и сертификат за психолошко тестирање на пациенти (односно за задавање, анализа и интерпретација на тестови на личност, тестови на органицитет, неврокогнитивно тестирање, проективни техники итн.). По извршената психодијагностика, психологот изготвува психолошки наод и мислење кој е клучен во диференцијалната дијагноза дадена од психијатар.
Во Клиника „Жан Митрев“ во Кабинет за психијатрија работи доктор специјализиран по психијатрија, а на Одделот за психологија и психотерапија работат здравствени психолози што се психодијагностичари, европско сертифициран семеен советник и европско лиценциран психотерапевт.
Психијатар е доктор што има завршено студии по општа медицина и специјалистички студии од психијатрија на Медицински факултет. Во својата работа вклучува утврдување на психичката состојба, која може да е резултат на одредено телесно заболување, комбинација на телесно со психичко заболување или чисто психичко заболување.
Психијатриската консултација или психијатрискиот преглед вклучува дијагностицирање на состојбата, психоедукација, психотераписки и/или психофармаколошки пристап во третман на:
- состојби на психички раст и развој,
- состојби на стрес и трауми,
- анксиозно депресивни растројства,
- депресија,
- психосоматски растројства,
- афективни растројства,
- психотични растројства,
- болести на зависност,
- психички растројства во старечка доба,
- когнитивни нарушувања по повреди, операции или трауми на мозок, други болести на мозок,
- психички растројства кај лица со ментална ретардација.
Утврдување на состојбата се остварува преку разговор со пациентот (понекогаш и со член на фамилија), набљудување, како и со реализирање на одредени дијагностички процедури, како на пр. психолошко тестирање, магнетна резонанца или компјутерска томографија на мозок, електроенцефалографија.
По утврдување на состојбата се креира индивидуален план за третман, кој може да вклучи лекување со медикаменти, психотерапија (со разговор) или двете терапии паралелно или вклучување на доктор од друга специјалност, во зависност од утврдената здравствена состојба.
Во Клиника „Жан Митрев“ работи и доктор специјалист психијатар.
Стручниот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Јавете се во контакт-центарот на 02/3091-484
Комерцијален текст