4.8 C
Скопје
03:15 - 21 февруари, 2026

Кијану Ривс откри дека би сакал да го глуми Бетмен: „За мене тоа би било остварување на сонот“

Киану Ривс би сакал да се приклучи на многу ексклузивната листа која вклучува имиња како Роберт Патинсон, Кристијан Бејл, Џорџ Клуни, Бен Афлек, Мајкл Китон и други, и тоа така што во еден момент од неговата кариера ќе го облече оделото на Бетмен.

Ривс неодамна го позајми гласот за Бетмен во филмот „Супер миленичиња“, а на новинарите им рече дека со задоволство би ја презел улогата на Бетмен доколку му биде понудена од „Ворнер Брос“.

Го сакам Бетмен како лик. Го сакам во стриповите, во филмовите, па беше одлично кога добив шанса да му го позајмам гласот“, рече Кијану, додавајќи дека улогата на Бетмен за него би било „остварување на сонот“.

Но, тој веднаш напомена дека тоа можеби не е реално во моментот бидејќи „Роберт Патисон врши одлична работа“. „Можеби некогаш во иднина. Можеби кога ќе им треба малку постар Бетмен“, додаде тој.

Киану Ривс има 57 години. Доколку ја добие улогата на Бетмен, тој би бил еден од најстарите актери кои го толкувале овој суперхерој, но не би бил најстар. Таа титула сепак би ја задржал Мајкл Китон, кој го играше Бетмен во филмот „The Flash“ кога имаше 70 години.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....