23:08 - 8 април, 2026

Келнер откри што јадела Ким Кардашијан во ресторанот за 400 евра: „Добра ѝ е диетата!“

Викендов Ким Кардашијан решила да отпатува со своето момче Пит Дејвидсон во Порт Даглас, Австралија, каде што Пит го снима својот нов филм „Волшебници“. Свратиле во италијански ресторан во Кернс, Квинсленд, а келнерот кој ги послужил на својот инстаграм-профил се пофалил дека ги служел познатите гости.

Ја фотографирал нивната не баш мала сметка, а количините храна биле огромни. Ким му оставила и прилично голем бакшиш.

– Денеска на работа зедов нарачка од Ким К. Благодарам за големиот бакшиш, Ким Кардашијан – напиша тој покрај фотографијата на која е пред ресторанот Piccolo Cucina, во кој работи.

Инстаграм

Келнерот потоа ја сподели сметката од вкупно 576 австралиски долари, односно околу 400 евра.

– Само што завршив со работа и гледам дека очигледно имам огромен број обожаватели на Ким. Еве ја нејзината сметка – објави подоцна келнерот. Тој се пошегува и за тоа колку е добра нејзината диета.

На сметката се гледа дека јаделе четири салати Капрезе, три салати од рукола, две пици Маргарита, една со четири видови сирење, лигњи, две јадења со риба, фетучини карбонара, њоки со сирење, лазањи, телешко скалопини, а имало и пица со Нутела.

Инстаграм

Како што пренесоа странските медиуми, Ким пристигнала таму во саботата, а престојувала во луксузниот хотел Sheraton Mirage во Порт Даглас, кој се наоѓа на околу еден час од Кернс, каде што се наоѓа ресторанот. Во Австралија пристигнала со приватен авион, а до ресторанот стигнала со автомобил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Слични објави

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо
Се вчитува....