16.8 C
Скопје
19:33 - 8 октомври, 2026

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Препирката меѓу српските пејачи Аца Лукас и Неда Украден продолжува и по неколку дена, откако двајцата јавно си упатија остри забелешки. Сè започнало со изјава на Лукас во поткаст, по што Украден му возвратила за време на свој настап во Белград.

Лукас прв ја нападнал колешката, нарекувајќи ја „медицински феномен“ поради тоа што, според него, различно ја претставува својата националност зависно од земјата во која се наоѓа.

„Оваа една се родила… Со години нешто зборува, каде и да ја слушам, на пример, ако е во Сараево, вели дека е од Сараево. Кога е во Загреб, зборува дека е Загрепчанка, а кога е во Белград, тогаш е Белграѓанка. Ова го зборувам за Неда Украден“, изјавил Лукас.

Неда Украден не останала должна, па за време на неодамнешен настап во Белград одговорила на неговите зборови.

„Дали вие мислите дека мене Аца, познат како ’сплав‘, може да ме закача? Дали навистина мислите дека тоа е можно? Јас мислам дека е невозможно, но ги поздравувам сите негови зборови, нека мисли што сака. Сè што ќе каже, му простувам и го сметам за емоционална незрелост“, изјавила пејачката.

Лукас, познат по директниот начин на комуникација, веднаш возвратил. Прекарот „сплав“, со кој го нарекла Украден, тој го прифатил без објаснувања и истакнал дека се гордее со своето потекло и со тоа што пораснал покрај реки.

Сепак, потоа продолжил со напад кон пејачката, осврнувајќи се на нејзините поранешни патувања и настапи.

„Сплав е сплав. Јас ги сакам сплавовите, пораснав покрај Дунав и Сава. Аца ’сплав‘ – прекрасно. Сигурно повеќе го сакам тоа отколку шатор кај Гадафи, камили, песок… Пустинска бура, комарци, бубачки… Фуј“, изјавил видно изнервираниот Лукас за „Хајп“.

Подоцна медиумите повторно ја сретнале Неда Украден на еден настан, каде што била прашана за одговорот на Лукас.

Пејачката, сепак, не сакала дополнително да ја продолжува расправијата.

„Не сум заинтересирана за таков вид полемика и одговори. Сè што имав да кажам, кажав. Не следам конкретно што има колегата да каже за што било и не знам зошто тоа би ме интересирало“, изјавила Украден за „Курир“.

Слични објави

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

E.A.

„Ми должат песна, јас ја платив“: Надица Адемов проговори за караницата поради Рада Манојловиќ и за колешката која му пишувала на нејзиниот сопруг

E.A.

Промотивни цени во Клиника „Жан Митрев“: Промотивна остеодензитометрија по повод Светскиот ден на остеопорозата

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ привлече внимание со необична објава: „Љубовта за која си мислел дека е искрена ќе те напушти“

apostolova

(Фото) Жешко издание во долна облека – поранешната Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, позираше за „Викторијас сикрет“

Еспресо

Бојана Тевчева повторно застана пред ТВ-камерите

Еспресо
Се вчитува....