7.8 C
Скопје
00:32 - 31 март, 2026

Катарина Ивановска ептен изненади: За еден момент сите зборуваат, а оваа приказна ја раскажа за родителите

Сите зборуваат за еден необичен детаљ во облеката на Катарина Ивановска, која гостуваше во поткастот „Урок“ со стилистот Сергеј Варошлија.

Имено, нашата позната манекенка и топ модел во поткастот се појави без чевли, поточно ги соблече за да се чувствува поудобно. Па така, на инстаграм-профилот на „Лазаров поткаст“, има коментари на сметка на опуштениот изглед на моделот, а еден гласи:

„Каде ѝ се чевлите на манекенкава? Во емисија невкусно е без чевли вака. Веќе кога Сергеј навредува жени, оваа е баш антипатична дрпаница“.

Но, повеќето не се согласија со овој коментар и ги пофалија убавината на Катарина и приказните кои ги раскажа.

Фото / Инстаграм

Една од приказните е за нејзините родители и за тоа колку се горди на неа.

– Многу се горди. Татко ми малку е затворен и никогаш тоа јавно не го кажува. Мајка ми рече кога бев во Њујорк: „Леле Кики, тато вика: ‘Вера, со што го заслуживме ова, ќерката вака нас да нѐ шета секаде, и сè што ќе посакаме да имаме’.

Или на пример татко ми мене ме караше: „Ти не учиш, види ја сестра ти, најдобар студент, најдобар ученик“. А нејзе маста ѝ ја вадеше: „Ти не учиш!“ Значи, таков му беше методот на воспитување, никогаш да не ти признае“, рече Катарина. 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....