7.8 C
Скопје
17:45 - 28 март, 2026

Каролина, Дуке и Исмаил ни подарија 11 незаборавни македонски песни за љубовта и копнежот

„Песни за љубов и копнеж” е новото ЦД на поп-пејачка Каролина Гочева.

Ова ЦД е заедничко дело  и на познатите уметници Исмаил Лумановски и Дуке Бојаџиев. Каролина најавува и концертна промоција на ЦД, која ќе се одржи на 23 декември, во Македонската филхармонија во Скопје.

„Mногу сум среќна што заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски конечно ќе ви го претставиме проектот кој ви го најавивме уште пред повеќе од една година. ,,Песни за љубов и копнеж” се состои од 11 преработки на според нас најубавите, но и подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20 век, кои ќе можете да ги слушнете на концертната промоција на 23ти декември во Македонската филхармонија“, објави Каролина на Фејсбук.

Албумот, вели пејачката, ќе биде достапен на сите дигитални платформи на 24 декември, додека со секоја купена влезница ќе следува и физичко издание од албумот.

Албумот ,,Песни за љубов и копнеж” има 11 песни, едни од најубавите, подзаборавени македонски композиции потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

После бројни настапи и соработки на Каролина, Дуке и Исмаил, идејата за овој албум се роди во 2016 година, по што внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде „нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 9 ноември (среда) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и во сите продажни места на Авалон по цена од 1.200 денари.

Слични објави

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....