11:53 - 29 март, 2026

Карлеуша за турскиот милионер: „Добар фраер, ама малку постар за мој вкус“

Српската пејачка Јелена Карлеуша за време на престојот во Турција повторно го привлече вниманието на медиумите, откако проговори за турскиот милионер Садетин Саран, претседател на фудбалскиот клуб Фенербахче.

По враќањето во Белград, Карлеуша на аеродромот откри дека за 8 Март таа и нејзините ќерки добиле подароци уште пред празникот.

„Да, ни стигнаа подароци порано“, кратко изјави пејачката.

Внимание предизвика и прстенот што го носеше на раката, поради што веднаш се појавија шпекулации дека станува збор за веренички прстен. Сепак, Карлеуша ги демантираше тие претпоставки.

„Прстен? Тоа е стар прстен… Веренички? Тогаш јас сум господарка на вереничките прстени – никогаш не ги враќам“, рече таа низ смеа.

Во интервју за турски медиуми, пејачката откри дека не би имала ништо против повторно да се омажи, па дури и по третпат.

На прашањето за турскиот милионер Садетин Саран, Карлеуша со насмевка одговори:

„Кој милионер? А, добар фраер? Добар, добар… ама малку постар за мој вкус“, изјави пејачката.

Саран и претходно беше познат на регионалната јавност по врската со пејачката Емина Јаховиќ. Во последно време неговото име повторно се најде во центарот на вниманието на турските медиуми поради истрага поврзана со сомнежи за вмешаност во производство и трговија со дрога.

Турското обвинителство отвори постапка која предизвика голем интерес во јавноста, а случајот би можел да има одек и во спортските кругови, со оглед на тоа што Саран е поврзан со раководството на Фенербахче.

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....