5 C
Скопје
02:37 - 10 март, 2026

Карлеуша лута на „модерните“ мажи поради Хакими: „Марш кај мама која така ве воспитала, во иднина ќе ве користиме само како донатори“

Во последните денови главна вест во светските медиуми е дека Ашраф Хакими, фудбалерот на ПСЖ и неговата сопруга се разведуваат, а разводот е поради поделба на парите.

Она што сите ги изненади е фактот што Хакими го префрлил својот имот на име на мајка си, уште пред бракот, а неговата сопруга ќе остане без сите тие милиони на кои чекала и очигледно сметала.

Можеби Хакими го насетил развојот на ситуацијата, или само сакал да се заштити, но факт е дека оваа негова постапка налути многумина, меѓу кои и турбофолк пејачката од Србија, регионалната ѕвезда Јелена Карлеуша, која проговори за целата ситуација. Таа јасно застана на страната на неговата сопруга.

„Што се случи со нашите несреќни мажи? Гледам, толкав ентузијазам за овој Хакими што, како што пишуваат медиумите, ги префрлил сите приходи од клубот на мајка си, па сопругата нема да добие ниту цент при разводот“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

„Кога станува збор за мајката на тој Хакими, замислете, таа така го воспитала својот син. Како? Така што тој силува, изневерува и сака да ги остави децата без ништо. Прекрасна баба за нејзините внуци, нели? Ама тука не е ни битен грдиот Хакими, жената ќе го одере како мачка и треба. За мене, поентата тука сте вие ​​драги мажи! И заради вас нечесни, себични, саможивници жените денес не се среќни, браковите не опстојуваат, жените се тепаат и се убиваат. Станавте женомрзци! И затоа марш кај мама која така ве воспитала. А вие жени, бидете паметни, ако мажот не обезбеди се за вас и вашите деца, ако мајката се меша во финансии и брак – веднаш клоцнето го. Во секој случај, доаѓа време кога мажите ќе се користат само како донатори на сперма во идниот свет на свесни силни жени“, напиша меѓу другото Карлеуша.

 

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....