05:15 - 6 април, 2026

Канје Вест ја нарече новата сопруга „совршена прва дама“: Ќе се кандидира за претседател по вторпат

Раперот Канје Вест одлучи да се кандидира за претседател по втор пат.

Раперот Канје Вест одлучи да се кандидира за претседател по втор пат и ја нарече својата сопруга Бјанка Сенсори „совршена прва дама“. Тоа го пренесува Мирор.

„И покрај фактот што минатата кампања не беше многу успешна, тој направи пауза од јавното говорење, а по завршувањето на разводот со Ким, му стана многу полесно. За разлика од претходната кампања, оваа е структурирана и ќе биде добро спроведена во наредните месеци“, изјави изворот за Мирор.

Изворот додаде дека Канје Вест е горд на начинот на кој изгледа Бјанка Сенсори и ја смета за „совршена прва дама“.

Во јануари се дозна дека Канје Вест тајно се оженил со својата вработена во брендот Yeezy, Бјанка Сензори. Според пишувањата на медиумите, тие официјално не го склучиле бракот, но прославата е веќе одржана, а раперот и неговата нова сопруга носат бурми. Неколку дена подоцна, новинарите пишуваа дека по тајната венчавка, Вест и Сенсори одлетале на меден месец во шик одморалиштето Амангири, кое се наоѓа во американската држава Јута.

На почетокот на август, Италијанците изразија незадоволство од „голите“ облеки на Бјанка Сенсори. Прво сопругата на Канје Вест беше видена на улиците во Фиренца во мал црн градник и тесни хеланки, а потоа излезе во јавност во проѕирни хулахопки и разголено боди. Жителите на Фиренца ги нарекоа облеките на Сенсори „непочитување“ на католичката земја и „вулгарни“, по што ја повикаа двојката да ја напушти земјата.

инстаграм принтскрин

Сега пак, сопругата на Канје Вест се соочува со парична казна од 10 илјади евра за непристојни облеки кои ги носела во Фиренца.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....