5.8 C
Скопје
21:59 - 12 март, 2026

Калиопи итно се огласи за лажната вест дека е на смртна постела: „Има луѓе и нелуѓе…“

Калиопи Букле се најде на лажни фотографии на кои наводно е во болнички кревет, со тврдења дека се бори за живот.

Ваквата ситуација длабоко ја вознемирила Калиопи, која веднаш реагираше со преземање законски мерки против непознатото лице кое шири лажни информации за неа.

Таа го изрази својот гнев и загриженост поради ваквото однесување, посочувајќи дека претходните злоупотреби на нејзиното име биле во сенка на оваа морбидна манипулација.

Калиопи посочи дека нема добри и лоши луѓе, туку луѓе и нелуѓе и апелираше до надлежните органи да преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби.
Таа нагласи дека овој вид на манипулација директно се одразува на нејзиниот живот и на животите на нејзините најблиски и ја истакна важноста од реакцијата на надлежните органи.

– Зарем не сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми би можеле да го прочитаат овој текст и директно да ги загрозат нивните животи. Апелирам до Одделот за високотехнолошки криминал и до МВР да преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби – порача меѓу другото познатата пејачка преку својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

И покрај ова непријатно искуство, Калиопи доби грст коментари за поддршка од колегите од јавната сцена од целиот регион, кои го осудија ваквото однесување и ја поддржаа пејачката во борбата против злоупотребата на нејзиното име.

– „Болни луѓе“, „Грозно, сочувај нè Боже“, „Ова е страшно“, коментираа Милица Тодоровиќ, Саша Капор и други колеги од регионот.

 

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....