7.8 C
Скопје
00:51 - 31 март, 2026

Каков тип на канцер има Кејт Мидлтон и какви се шансите за опоравување: Еве што се знае засега

Од каков вид на рак боледува принцезата Кејт Мидлтон?, тоа е едно од најпоставуваните прашања откако принцезата од Велс јавно откри дека со соочува со канцер.

Типот на канцерот не беше наведен, но се претпоставува, како што пишуваат странските медиуми, дека станува збор за канцер што најверојатно се наоѓа во абдоминалната област, вклучувајќи органи како што се јајниците, матката или дебелото црево.

Според бројни изјави од лекари кои досега го искажаа своето мислење (нагласувајќи дека не ја знаат целосната слика), најверојатно станува збор за рак на дебелото црево.

Сепак, не е се така драматично како што се известува. На прашањето каква е прогнозата за принцезата Кејт?, странски експерти одговараат дека „тоа зависи дали канцерот е откриен во порана или во подоцна фаза и дали е локализиран или проширен на други органи од адоменалната област“.

Со оглед на тоа што во видеото принцезата зборуваше за рана дијагноза, се сугерира дека туморот можеби е откриен во рана фаза. Ова е позитивен момент и може да укаже дека болеста е хируршки отстранета и дека хемотерапијата што ја прима принцезата може да биде превентивна, односно за да се спречи повторување на болеста.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....