11.8 C
Скопје
22:44 - 30 март, 2025

КАКО ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО (30 април) ќе влијае на хороскопските знаци: Пари за Водолиите, нов живот за Биковите, бизнис можности за Скорпиите…

На кои знаци најмногу ќе влијае утрешното затемнување на Сонцето: 

Луѓето кои се родени во Бик, Лав, Скорпија и Водолија  ќе го почувствуваат влијанието повеќе од другите. Но неопходно треба да го искористат до максимум!

БИК (20 АПРИЛ – 20 МАЈ)

Ова затемнување на Сонцето го активира вашиот прв дом кој бара од вас да го негувате и да го разјасните вашиот личен бренд и идентитет. Затемнувањето на Месечината на 21 ноември, кое падна во вашиот знак, можеше да биде особено возбудлив момент. Но, темнината на есента и зимата дојде и помина, а вие сте подготвени да започнете сосема ново поглавје во животот.

Ова може да се манифестира на неколку начини. Прво,  ќе влезете во центарот на вниманието, потоа – за вас започнува страствен проект; а ќе имате и моќен пристап кон вашиот љубовен живот.

Во овој период мора да го развиете чувството за заедница, да работите на вашите пријателства, и да прифатите тимска работа што ќе биде составен дел на вашиот успех за разлика од вообичаено.

ЛАВ (23 ЈУЛИ-22 АВГУСТ)

Затемнувањето на Сонцето на 30 април паѓа во вашата десетта куќа, односно на полето на  кариерата, затоа подгответе се да започнете нова фаза во вашиот професионален живот. Во деновите на овој лунарен настан, може да се чувствувате како да ве туркаат да преземете повеќе одговорности или лидерска улога или ќе добиете дополнително внимание од претпоставените.

Со Венера ориентирана кон поддршка на љубовната врска и Јупитер кој ви носи силно  емоционално поврзување, можете да се потпрете на некој значаен партнер/ка кој ќе ви помогне да ги надминете сите предизвици на секое поле во периодот кога постојано ќе се чувствувате по притисок, но исто така многу наградувачко време е во смисла на професионалното напредување.

СКОРПИЈА (23 ОКТОМВРИ – 21 НОЕМВРИ)

Со затемнувањето на Сонцето што ја активира вашата седма куќа на партнерството,  очигледно сте пред ново возбудливо поглавје во остварување блиска (нова) врска. Но, седмата куќа не е само за љубовни врски! Овој период  може да започнете нов бизнис со поранешен колега или тесно да соработувате со вашиот шеф на клучен проект.

Во меѓувреме, спојувањето на Венера и Јупитер во вашата петта куќа на самоизразување ви помага уште повеќе да се усогласите со вашиот внатрешен глас. Со следното затемнување што ќе падне во вашиот знак, на 15-ти мај, знајте дека метаморфозата во која се наоѓате ќе продолжи да се обликува во текот на следните неколку недели и месеци – до совршенство и голем успех!

ВОДОЛИЈА (20 ЈАНУАРИ – 18 ФЕВ.)

Затемнувањето на Сонцето паѓа во вашата четврта куќа, куќа на домашниот живот,  што значи дека овој лунарен настан ја нагласува тековната ситуација која ја вклучува вашата емоционална благосостојба, корените и внатрешен живот. Затемнувањето на Месечината на 21 ноември можеше да доведе до пресврти од типот на  преселба, или вознемирувачка семејна работа, или пак потреба да се справите со психолошките рани што ве спречија да се чувствувате целосно стабилни и насочени. Но, ова затемнување ви дава можност да се грижите за себе на нов начин, што можеби е резултат на заздравувањето што сте го направиле во изминатите неколку месеци. Венера и Јупитер се исто така споени во вашата втора куќа на приходи сега, ќе ви дадат зголемена самодоверба и ќе привлечат можности за прилив на пари!

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....