7.8 C
Скопје
01:26 - 24 март, 2026

Каде вечерва: На концерт на „Фолтин“ во Јавна соба

„Фолтин“ повторно во Јавна соба. Организаторите ветуваат одлична вечер исполнета со многу пеење и танцување, со почеток од 21:30 часот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Dimitrievski (@m_dimitrievski)

„Фолтин“ е еден од нашите најпознати бендови, кој постои од 1997 година. Групата учествувала на многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија, и повеќепати биле наградени за нивната работа. Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како надреална, страсна и жива, со жешка танцувачка атмосфера, која ја постигнуваат со брзите ритми.

Иако групата користи стандардни музички елементи, пристапот во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален. Музичкиот јазик на „Фолтин“ е имагинарна смеса или фонетска имитација на јазици, како што се: шпански, француски, португалски, романски, таканаречен „спонтан есперанто“ итн. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси. Но, тоа не е воопшто чудно имајќи го предвид фактот дека членовите на групата работеле на музика за театарски претстави.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на барот во Јавна Соба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Foltin (@foltin_band)

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....