Водителката Јована Јеремиќ откри како изгледа нејзиниот секојдневен живот, комбинација од телевизиска работа, спорт и здрава исхрана, но и како успева да ја одржи витката фигура додека го балансира приватниот и професионалниот живот.
Јована објасни дека вежба речиси секојдневно и внимателно ја избира својата исхрана.
– Спортот е составен дел од мојот живот. Спортот и телевизијата сум јас. Тоа се двете работи што најмногу ги сакам и во иднина, кога ќе започнам сопствен приватен бизнис, а сигурно ќе се случи, така барем „пишуваат ѕвездите“, телевизијата секогаш ќе остане дел од мојот живот. Веројатно ќе биде нешто поврзано со спортот. Случајно, така се намести да ми се допаѓа спортист, па гледаш како животот знае убаво да ги среди работите – вели Јована.
– Тренирам секој ден. Под тренинг подразбирам трчање, тренинг со тегови, истегнување, ролери, велосипед, трчање во природа. Секој ден имам некаква активност. Треба да се тренира од три до пет пати неделно за телото да биде во одлична форма, но тренинзите не би значеле ништо доколку мојата исхрана не е совршена – рече таа, откривајќи што најчесто се наоѓа на нејзиното мени.
– Се трудам да јадам трипати дневно и храната да биде здрава: појадок, ручек и вечера. Ако сум некаде помеѓу, можеби ќе изедам мала ужина, но се обидувам да ги избегнувам ужините. Најчесто имам три оброци дневно, бидејќи сфатив дека така му одговара на моето тело, а понекогаш и четири, во количина што одговара на мојата тежина. Имам 52 килограми и сум висока 163 сантиметри. Мојата исхрана е богата со протеини и влакна – откри Јована.
– Најмногу сакам морска храна. Кога ја немам, тогаш јадам месо, но искрено се обидувам да го избегнувам. Сфатив дека не ми одговара толку колку морската храна. Значи живеам на шкампи, октопод, ослич, орада и бранцин. Но, на прво место се шкампите и гамборите, салата од гамбори или шкампи ми е омилена. Убедена сум дека секој може да ослаби ако ги јаде за одреден оброк. Тоа е мојот „таен рецепт“, го исфрлив месото, а воведов морска храна и јајца. Без јајца не можам и тоа ми е најголемиот проблем кога постам. Затоа овој пост не го испостив, бидејќи не се чувствував дека можам правилно да го издржам. Јас многу тренирам и не можам без јајца. Често, ако преку ден сум внела повеќе калории, навечер јадам само белки, тоа ми е вечера. Белките многу заситуваат – вели таа.
– Секогаш велам дека никогаш не пијам кафе со млеко. Ако пијам, тоа ми е како десерт и тогаш земам кафе со овесно млеко. Ако баш ми се пие млеко, нарачувам макијато, само со малку пена. Ако човек секој ден пие кафе со млеко, на годишно ниво може да додаде и до три килограми. Тоа не е добро бидејќи ги затнува крвните садови. Луѓето не се свесни колку „скриени“ калории внесуваат. Некој ќе каже дека ништо не јадел, а испил кафе со шеќер, испил сок, тоа веќе е оброк од 350 до 400 калории. Подобро е да внесеш 400 калории од протеини и салата отколку од слатки. Се трудам да не јадам слатки – додаде таа.
Водителката живее здраво и внимателно ја следи исхраната, а на прашањето дали понекогаш јаде слатки, открива: – Имам периоди кога јадам протеински чоколади, а потоа правам пауза и сум само на протеини, месо и морска храна. Значи ја менувам исхраната. Ако јадам протеински чоколади, тогаш го намалувам соленото. Имам свој баланс. Ако јадам слатко, тогаш јадам само слатко, не го мешам со солено. Во моментов сум само на чисти протеини без слатки.
Јована станува многу рано и, како што вели, веднаш штом ги отвори очите чувствува глад и појадува.
– Појадувам рано, во пет и триесет наутро. Штом се разбудам, гладна сум како волк, затоа што не јадам после пет попладне. Веднаш по будењето појадувам. Мојот метаболизам бара храна веднаш штом станам. Појадокот ми е најобилен и ме држи наредните пет-шест часа. Кога ќе заврши утринската емисија, ручам, а последниот оброк ми е околу шест часот. После шест не јадам, па макар и кокошки да паѓаат од небо. Само ако сум многу гладна изедам белка од јајце, но се трудам и тоа да не се случува – откри таа.
Таа вели дека грицките не ѝ се порок, како на многумина.
— Не, не. Јас сум вистински спартанец. Во животот одлучуваш како сакаш да живееш. Ако сакаш да изгледаш одлично, не можеш да јадеш што сакаш. Јас јадам за да живеам, а не живеам за да јадам. Храната не ми претставува задоволство. Мене задоволство ми се љубовта, моето дете, телевизијата и спортот. Уживам кога се бакнувам со партнерот и кога водиме љубов. Не барам задоволство во храната, туку во други работи. Храната ја консумирам само за да не паднам во несвест – заклучи таа.
