Хрватската пејачка Јелена Розга престојува во Соединетите Американски Држави каде што настапува во рамките на нејзината турнеја „2026 North American Tour“. За време на турнејата планира да одржи концерти во четири големи градови, а публиката веќе имаше можност да ужива во нејзините настапи.
Розга ја започна турнејата со концерт во Торонто на 20 март, по што веќе следниот ден настапи во Лос Анџелес. Третиот концерт го одржа во Њујорк, каде со енергичниот настап ја воодушеви публиката и создаде одлична атмосфера. Пред неа е уште еден концерт, кој ќе го одржи во Чикаго.
Време за уживање
И покрај густата агенда, пејачката наоѓа време и за опуштање и уживање во американските метрополи. На социјалните мрежи сподели видео во кое пее со пејачот Роко Блажевиќ, покажувајќи како ужива во Калифорнија и во добро друштво.
View this post on Instagram
Посебно внимание привлече фотографија од Њујорк на која Розга позира во впечатлива кожна јакна од францускиот бренд Isabel Marant, чија цена надминува 2.500 евра. Покрај фотографијата кратко напиша „New York vibe.“.

