10.8 C
Скопје
11:44 - 18 март, 2026

Јелена Радановиќ доби огрлица од Слоба вредна 40.000 евра, па веднаш се пофали

Јелена Радановиќ јавно се пофали со скапиот подарок од нејзиниот сопруг на Инстаграм. Се работи за огрлица со потпис „Cartier“, од злато и дијаманти, поради што нејзината вредност е околу 40.000 евра!

Изгледа дека нејзиниот сопруг, пејачот Слоба Радановиќ, навистина „го одврзал ќесето“ и решил да ја израдува својата сопруга со вреден накит кој останува за цел живот.

„Фала ти“ – напиша Јелена на објавата, заедно со песната насловена „Време на божиќно дарување“.

Ова не е прв пат Слоба да ја дарува Јелена со скапи подароци, а честопати се работи токму за накит.

Слоба депортиран од Гетеборг

Пејачот пред две ноќи стигнал дома во Белград, по тоа што со колешката Барбара Бобак и нивните бендови поминале 32 часа на аеродромот во Гетеборг.

Тие престојувале во посебен простор, без добра храна и основни услови за престој цели 32 часа.

Требале да одржат концерт во Гетеборг, ги имале сите потребни дозволи, но сепак биле задржани на пасошката контрола.

Слични објави

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо

Не го преболела: Николина Пишек со трогателен гест за покојниот сопруг

Еспресо

(Фото) Дани „раскомотена“ на масажа, без трошка шминка

Еспресо

Харис Џиновиќ станал познат на среќа, му се паднало „бинго“

Еспресо

Хороскоп за 18 март: Овните ќе добијат убави вести за нова работа, Близнаците се вљубени до уши

Еспресо
Се вчитува....