20:52 - 8 април, 2026

ЈАВНОСТА ОДЛУЧИ: Том Харди прогласен за најсекси маж во Велика Британија

том харди

Британскиот актер Том Харди е прогласен за еден од најсексапилните мажи во Велика Британија, пренесува „The Sun“.

44-годишниот актер ги освојува симпатиите на обожавателите ширум светот, но сега официјално е миленик на публиката во Велика Британија.

Неговиот беспрекорен изглед, шарм и талент очигледно се добитна комбинација, па не е ни чудо што ја доби титулата за најатрактивен актер.

Имено, во анкетата на британскиот весник „The Sun“ обожавателите можеле да гласаат за „најсекси маж во Велика Британија“. А најмногу од гласовите биле за Харди кој го освои првото место.

том харди
Фото: EPA/NIGEL RODDIS

По него на скалата се најде и последниот Џејмс Бонд, актерот Даниел Крејг. На третото место е актерот Том Холанд, кој го отелотвори добро познатиот Спајдермен. Верувале или не, Сер Том Џонс се најде на четвртото место. На петто место е актерот Хенри Кавил, потоа пејачот Роби Вилијамс, седми на листата е Том Хидлстон, осми е Марк Рајт, Дени Даер, Хари Стајлс е на десеттото место, па Џоел Домет, Шoн Бин, Ричард Маден, Џек Гралиш, Гетин Џоунс, Џовани Пернис, Бен Шепард, Луис Хамилтон, Гордон Ремзи и Гери Барлоу.

Да потсетиме, Харди неодамна изјави дека веќе не планира да глуми во филмови по улогата на американскиот мафијаш со италијанско потекло Ал Капоне, бидејќи, како што вели, се чувствува уморен и сака да се посвети на пишување сценарија.

Актерот вели дека се чувствува исцрпено, не само физички, туку и емоционално, бидејќи му недостига семејството. Зад него е главната улога во серијата „Табу“ како и сценариото за истата кое самостојно го напиша.

Слични објави

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо
Се вчитува....