Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник повторно се најде во фокусот на јавноста откако на својот Инстаграм-профил објави видео во кое отворено зборува за сопствените очекувања од партнерот, без обиди да се вклопи во општествените шаблони. Нејзината искрена изјава, во која самата себе се опишува како „спонзоруша“ и „скапа жена“, предизвика жестоки реакции и бројни коментари на социјалните мрежи.
„Навистина сум спонзоруша и навистина сум скапа жена. Барам работи од мажите кои се исклучително скапи“, вели Ела во видеото што брзо се прошири онлајн.
Таа појасни дека под „скапи“ не мисли на материјални работи, туку на лични и психолошки квалитети кои, според неа, бараат сериозна работа на себе. Меѓу нив ги наброја самодовербата, црниот хумор, сарказмот, емоционалната интелигенција, сигурноста, присутноста, амбицијата, емпатијата, автентичноста, асертивноста и страста.
„Тоа се навистина скапи работи, затоа што кај психолог или психијатар еден час чини од 50 до 70 евра, а потребно е многу време за да се дојде до сето тоа. Значи – многу скапо“, додаде таа.
На прашањата од следбениците што нуди за возврат, Ела одговори со подолга листа на вредности и квалитети: емоционална интелигенција, рационалност, објективност, лојалност, љубов, страст, искреност, поддршка, хумор, мотивација, чувство на сигурност, простор за ранливост, поврзаност, енергетска рамнотежа и финансиска стабилност – коментар што дополнително ја подели јавноста.
Покрај актуелните изјави, Ела во минатото отворено зборуваше и за своето детство и односот со татко ѝ, легендарниот музичар Дино Дворник. Таа нагласува дека, и покрај неговата голема популарност, не израснала во луксуз.
„Станот беше во ужасна состојба, влезната врата можеше да се отвори без клуч. Нѐ ограбија и ми ги украдоа паричките од касичката“, раскажа таа низ смеа, додавајќи дека како дете мислела оти пејачите се сиромашни.
Ела откри дека на Дино никогаш не му бил приоритет парите, туку музиката и луѓето со кои работел, па често се враќал од настапи без никаков хонорар. „До мојата 14-та година мислев дека татко ми е најголемиот клошар на светот“, искрено призна таа, објаснувајќи дека кај нив немало луксузни брендови и скап начин на живот.
„Никогаш не пораснав во голем луксуз. Живеевме сосема нормално, а родителите штедеа и земаа кредит за стан“, раскажа Ела, давајќи поинаков контекст на денешните нејзини ставови за финансиската и емоционалната стабилност во партнерските односи.
