7.8 C
Скопје
23:24 - 30 март, 2026

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

По скандалот околу откажувањето на концертот на Тони Цецински во „Спенс“ во Нови Сад, младата музичка ѕвезда Јаков Јозиновиќ се огласи со сосема поинаков став. Два дена по контроверзниот потег на Цецински, Јаков најави дека неговиот концерт ќе се одржи пред публиката во Нови Сад и испрати емотивно соопштение.

„Јас летам за чуда. Летам за љубов, скромност, младост и музика која не познава граници. Благодарност до сите добри луѓе што се со мене. Својот дар го пренесувам со гласот, и затоа мојата турнеја е големо ‘благодарам’ до сите кои доаѓате. Продолжуваме да шириме љубов и музика веќе овој викенд во Нови Сад“, порача Јозиновиќ.

Инаку, по скандалот, дел од групите и ветераните од Хрватска апелираа кон Цецински и Јозиновиќ да ги откажат своите концерти во „Спенс“ со образложение кое предизвика бурни реакции. Додека Цецински го откажа настапот, Јозиновиќ реши да одржи концертот и да ја испрати пораката на позитивност и љубов.

Откажувањето на Цецински доведе до незадоволство кај бројни обожаватели, кои по неговото соопштение порачаа дека не се добредојдени неговите настапи во Србија поради непочитување на публиката и неоснованите објаснувања.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....