1.8 C
Скопје
08:52 - 25 јануари, 2025

„Ја сакам Русија, но ни на момент не можам да замислам дека ќе се вратам таму“: Ирина Шајк за родната земја и детството

Ирина Шајк е хероина на новиот број на D la Repubblica и во интервју проговори за љубовта кон Русија како и за своето детство. 38-годишната манекенка призна дека „не може да замисли“ да го посети своето семејство во Русија.

„Ја сакам својата земја, но сега ни за секунда не можам да замислам дека ќе се вратам таму“, вели манекенката. Таа не ја кажа причината за нејзината одлука да не оди во Русија, но можеби манекенката сакаше да каже дека не е подготвена да го посети семејството за време на специјалната операција во Украина.

Ирина истакна дека, и покрај нејзиното сиромашно детство во малиот град Еманжелинск во регионот Чељабинск и губењето на нејзиниот татко во тинејџерските години (тој починал од белодробна болест кога манекенката имала 14 години), таа пораснала како среќно дете.

Ирина со мајка ѝ, принтскрин Инстаграм
Ирина во Русија, принтскрин Инстаграм

Според Шајк (вистинското презиме ѝ е Шајхлисламова), многу години подоцна дознала дека компири и друг зеленчук може да се купат во продавница. Манекенката, заедно со нејзината сестра Татјана и мајката Олга, одгледувале свои производи во градината и научиле како да преживуваат со земјоделство.

„Бев ентузијастичко дете, во мало село, во едноставно семејство. Имавме градина, во која сите работевме по малку. Ако сакаш да јадеш компири, прво требаше да знаеш како да ги одгледуваш. Дури кога пораснав, научив дека има луѓе кои го купуваат зеленчукот во супермаркет, но затоа можам да дадам корисен совет за одгледување садници од домати на оние кои ме прашуваат за тоа, особено знам како да преживеам“ – објаснува супермоделката.

Ирина изјави дека нејзиниот пат во кариерата бил полн со подеми и падови, но благодарение на нејзината тврдоглавост успеала да постигне се што има денес.

Уште од детството, таа си рекла: „Морам да успеам“ – и постепено одела до целта. Според неа, не ни сонувала дека ќе оствари толку успешна кариера како модел.

„Имав среќа, знам. Ја вложив целата моја енергија во тоа: ако правам нешто, го правам 100%. Точно е: не замислував таква работа и кариера“.

Ирина се занимавала со музика и студирала маркетинг на колеџ, каде што првпат била забележана од претставници на модна агенција. Започнала манекенска кариера и набрзо заминала во Москва. “Кога ми се појави таква можност, ја зграпчив. Така можев да му помогнам на моето семејство, да живееме во изобилство. И благодарна сум за тоа”.

Ирина Шајк денес е една од најуспешните и највлијателните модели во светот. Живее во Њујорк, снима за познати брендови и списанија, ја одгледува ќерката Леа од холивудскиот актер Бредли Купер, со кој беше заедно од 2015 до 2019 година.

„Најдов рамнотежа помеѓу работата и личниот живот, меѓу улогите на менаџер и мајка. Давам се од себе за подоцна да не се каам“, вели супермоделката.

Потсетуваме, по почетокот на воената специјална операција во 2022 година, Ирина Шеик најави дека ќе донира лични средства на Црвениот крст на Украина, како и на организациите на ОН кои обезбедуваат помош за бегалците.

Слични објави

(Фото) Дали ова е најшокантната фотографија на Јелена Карлеуша досега?! ЈК топлес дои бебе

Еспресо

Дневен хороскоп за 25 јануари: Водолии, не позајмувате пари никому, Ваги, ќе доживеете флерт!

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани се соблече, па го фотографираше своето лице без трошка шминка: Порано беше покриена со лузни од мозолчиња

Еспресо

„Пукна“ бракот на македонскиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“: Пред две години направи раскошна свадба, со сопругата не живее заедно со месеци

Еспресо

(Видео) Интимна снимка: Јована Јеремиќ го гризнала Драган додека тој сочно ја бакнува!

Еспресо

Емотивна исповед на Анабела Атијас: Лековите делуваа против мене, имав вишок 15 килограми, ме исмејуваа и беа згрозени

Еспресо
Се вчитува....