6.8 C
Скопје
05:57 - 31 март, 2026

Излезе тизерот за „Господар на прстените“, најскапата серија во историјата, сцените го одземаат здивот

Објавен е првиот тизер за серијата „Господар на прстените“. Трае две и пол минути, а судејќи по реакциите под видеото на Јутјуб – сцените на многумина им го одземаат здивот.

Тизерот дава подлабо поглед по почетниот трејлер емитуван за време на Super Bowl и вториот краток тизер кој беше ексклузивен за претплатниците на Prime кога беше објавен минатата недела. Amazon го опишува овој клип како „главен тизер“, па се очекуваат уште неколку трејлери пред премиерата на серијата.

Телевизиската верзија „Господар на прстените“ треба да излезе во септември 2022 година, објави Амазон претходно овој месец. Се очекува дека серијата ќе трае пет сезони, што ќе ја направи една од најскапите ТВ серии во историјата.

Првата сезона ќе биде достапна во 240 земји, а епизодите ќе излегуваат еднаш неделно. Дејството ќе се одвива илјадници години пред настаните за кои писателот Толкин напиша во своите книги „Хобит“ и „Господар на прстените“.

Многу странски медиуми пишуваа дека ова ќе биде најскапата серија во историјата на телевизијата. Би-би-си пренесува дека за секоја епизода од серијата биле потрошени 43 милиони фунти.

Во актерската екипа се Роберт Арамајо, Назанин Бониади, Морфид Кларк, Исмаел Круз Кордова, Ема Хорват и други.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....