07:32 - 6 април, 2026

Ин мемориам: Почина Антон Андов, уредник на постпродукција на „Слободен печат“

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“.

Нашиот колега Антон остави белег во македонската продукција со својата богата професионална кариера. Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“.

Погребот ќе се изврши утре, 18 април 2024, на Градските гробишта „Бутел“. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата „Бутел“, од 12 до 13 часот.

Неговиот ведар дух, колегијалност и исполнителност ќе останат засекогаш запаметени. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....