12:42 - 1 февруари, 2026

Илон Маск и група научници бараат шестмесечен прекин на обуките за вештачка интелигенција – можни се злоупотреби

Американскиот милијардер Илон Маск и група стручњаци за вештачка интелигенција (ВИ) бараат шестмесечен прекин на системите за обука. Во отвореното писмо тие наведуваат дека овие системи се помоќни од неодамнешното лансирање на понапредната верзија на четботот „Чет-ГПТ“ на „Опен АИ“.

Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Маск, натаму – Емад Мостак, извршен директор на „Стабилити АИ“ и истражувачот од „Дипмајнд“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна вештачка интелигенција, додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.

– Писмото не е совршено, но намерата е правилна. Треба да забавиме додека подобро не ги разбереме последиците. ВИ може да предизвика сериозна штета, големите играчи стануваат сѐ повеќе и потаинствени за она што го прават. Ова ги отежнува можностите – општеството да се брани од штетата што може да се случи, рече Гери Маркус, почесен професор на Универзитетот на Њујорк кој го потпиша отвореното писмо.

„Моќните системи за ВИ треба да се развиваат само кога ќе бидеме сигурни дека нивните последици ќе бидат позитивни и дека опасностите ќе може да се управуваат“, се вели во писмото.

И Европол се приклучи кон оние кои пројавија загриженост во етичка и правна смисла. Тие предупредуваат на можна злоупотреба на ВИ, т.е. обиди за кражба на идентитет, дезинформации и киберкриминал.

Инаку, и „Тесла“ на Маск користи вештачка интелигенција во автомобилите со самоуправување.

„Опен АИ“, компанија поддржана од „Мајкрософт“, и создавач не „Чет-ГПТ“ ги поттикна конкурентите да го забрзаат развојот на слични големи јазични модели. Сем Алтман, извршен директор на „Опен АИ“, не го потпиша писмото.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо
Се вчитува....