18.8 C
Скопје
14:56 - 16 март, 2026

Илон Маск го надмина Џеф Безос и стана НАЈБОГАТ во светот, меѓу новите милијардери е и Ријана

Во 2022 година има 2.668 милијардери, а најмладиот има само 19 години. Меѓу новите милијардери се и Ријана и режисерот на Господарот на прстените. 

Илон Маск е најбогатиот човек на светот. Така е според актуелното рангирање на „Форбс“. Сопственикот на Тесла, Маск, тежи 219 милијарди долари. На второ место е основачот на Амазон Џеф Безос со 171 милијарда, додека на третата позиција – трета година по ред – со 158 милијарди е Бернард Арно, сопственик на групацијата LVMH која вклучува повеќе модни брендови, меѓу кои Луј Витон и Кристијан Диор , но и брендови на накит и издаваштво.

На висока позиција се најдоа и Ријана и Питер Џексон, режисерот на „Господарот на прстените“.

Најмладиот милијардер во светот е Кевин Дејвид Леман (19), наследник на германски фармацевтски синџир, а зад него е исто така младиот Гери Ванг (28) од берзата за криптовалути FTX со седиште на Бахамите.

Единствениот милениумец во топ 20 е Марк Цукерберг, креаторот на Фејсбук и актуелен извршен директор на Meta Platforms, компанијата која ги контролира Facebook, Instagram и WhatsApp.

Слични објави

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо
Се вчитува....