14:00 - 31 јануари, 2026

Аца Лукас жестоко ѝ возврати на Атина Ферари: „Во животот сум бил со пет жени, а со оваа госпоѓица – никогаш“

Аца Лукас

Фолкерот Аца Лукас јавно ги демантираше наводите на пејачката Атина Ферари, која во интервју за српските медиуми тврдеше дека со години се наоѓа во љубовна врска со него.

Лукас изјави дека неговата последна врска била со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ, а на сметките на Ферари возврати со хумор:

„Што е ѝ е мило на бабата, тоа ѝ се сонило. Само што баба вчера спиела цел ден, па и сонувала содржајно. Мојата последна врска беше со Соња, а на госпоѓицата ѝ препорачувам малку да не спие. Овие сништа можат да остават трајни последици, ако веќе не е доцна,“ изјави Лукас.

Тој додаде дека досега имал врски со само пет жени – три негови поранешни сопруги и уште две жени меѓу браковите – и нагласи дека ниту една од нив не е Атена.

„Одговорно тврдам дека госпоѓицата ја познавам, но никогаш не сум бил во врска со неа,“ изјави пејачот.

Сосема различна верзија на приказната изнесе Атена. Таа тврди дека Лукас цели две години ја молел да се запознаат, а првиот состанок го прифатила под свои услови.

„Не сакав средби по станови и куќи, туку само во јавен ресторан. Сакав да се вратам дома до 23 часот и да нема алкохол или какви било супстанци. Тој прифати сè – дојде на време, вечеравме, се напивме по едно вино и ме врати дома,“ раскажува Ферари.

Таа додава дека со текот на времето од пријателство преминале во љубовна врска:

„Да, бев со Лукас и сè уште сум во контакт со него. Имам само убави зборови за Аца – секогаш знае да даде совет и да биде тука за мене,“ вели пејачката.

Иако Ферари јавно признава блискост и љубовна врска со Лукас, пејачот упорно тврди дека тие никогаш не биле пар.

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....