5.8 C
Скопје
00:57 - 21 февруари, 2026

(Фото) Хулио Иглесијас одговори на гласините дека е во инвалидска количка и дека „не ги помни сопствените песни“: „Не се сеќава на сопствените песни, во инвалидска количка е“

Шпанските медиуми не стивнуваат со галамата дека нешто се случува со пејачот Хулио Иглесијас кој веќе извесно време е повлечен од јавноста и живее живот во тајност, што ги загрижи неговите обожаватели, бидејќи неговата здравствена состојба наводно е доведена во прашање, а веќе се појавија и некои верзии за неговата нарушена моментална здравствена состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julio Iglesias (@julioiglesias)

Според водителите на програмата „А ла тарде“ на Америка ТВ во Аргентина, тие тврдат дека старата повреда му предизвикува доволно голема болка за да го стави во инвалидска количка, па дури и му го влошува менталното здравје.

Новинарката Кора Дебарбиери уверува во емисијата дека најпосакуваниот маж во светот „доживеал страшна несреќа кога бил многу, млад, и морал да го оперира ‘рбетниот столб а тоа му донело многу болки и многу непријатности во текот на неговиот живот“.

Водителот Матиас Васкез во истата емисија додаде дека моторниот и когнитивниот систем на Хулио Иглесијас не функционира правилно, поради што „тој повеќе не се сеќава ниту на сопствените песни“.

Васкез, исто така, посочи дека 79-годишниот пејач ја зголемил својата приватност за неговата здравствена состојба со тоа што го напуштил директниот контакт со неколку негови пријатели.

Дополнително, непризнаениот син на Хулио Иглесијас бара да разговара со својот татко.
„Не сакам пари, единствено што барам е средба со тебе, да можам да разговараме“, изјавил неговиот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julio Iglesias (@julioiglesias)

Хавиер Сантос е 47-годишниот наводен син на Хулио Иглесијас, кој три децении се обидува да го натера шпанскиот пејач да го признае фактот дека е негов татко. Сега пак, после гласините за нарушеното здравје на Хулио, се поприсутен е во медиумите.

„Оние луѓе кои имаа порано контакт со Хулио Иглесијас, сега не можат никако да го добијат, и токму тоа ме загрижува, Хулио не крева никому телефон и не одговара на повиците“, додава новинарката Кора.

На сите овие гласини и цела врева, конечно денес се огласи Хулио демантирајќи дека има проблем со здравјето.

„Многу сум загрижен за сè што е предизвикано од тоа што избрав малку време на осаменост. Безобразно е од оние кои ја натераа јавноста да се сомнева во моето здравје“, пишува Хулио и додава дека „никогаш не сум имал почист ум, пишувајќи ги моите мемоари“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julio Iglesias (@julioiglesias)

Популарниот пејач и заводник со објавата постираше и „тазе“ фотографија за која вели –

„Оваа фотографија е стара едвај неколку дена, мустаќите се мои, многу ме потсетуваат на татко ми“.

 

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....