7.8 C
Скопје
10:25 - 1 април, 2026

Хилари Свонк бремена со близнаци на 48 години: „Ова е благослов, големо чудо“

Актерката и двократна оскаровка и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер, со кого е во брак од 2018 година, очекуваат близнаци.

„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест, ќе бидам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува“, изјави 48-годишната Хилари Свонк во емисијата „Добро утро Америка“. Подоцна во емисијата „Во живо со Кели и Рајан“ таа изјави дека е во второто тримесечје од бременоста и дека се чувствува многу добро.

Членовите на екипата од сетот на серијата „Alaska Daily“ што моментално ја снима актерката, до денес немале поим за нејзината бременост. „Пред неколку дена додека снимав морав да ги пресечам фармерките. Потоа морав да облечам јакна што немаше никаква врска со филмот, па ми рекоа дека морам да ја сменам, а јас реков дека нема да го направам тоа и ќе ја носам јакната што ја одбрав. Прифатија зашто сум продуцент, но коментираа дека ќе биде чудно“, раскажува Свонк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)

Таа откри дека е многу возбудена и дека во нејзиното и во семејството на сопругот имало бремености со близнаци, па не биле изненадени од веста дека и самите ќе бидат родители на близнаци. „Ова е благослов, големо чудо. Неверојатно“, изјави актерката. Хилари по гостувањето во емисиите гордо го покажа своето стомаче на Инстаграм.

За бременоста ѝ честитаа бројни познати личности како Марија Шарапова, Челзи Хендлер, Кејт Хадсон и други.

Да потсетиме, Свонк и претприемачот Шнајдер се во брак од 2018 година, кога се венчаа по две години врска. Тие се заедно од 2016 година и оттогаш се неразделни. Оскаровката претходно беше во брак со актерот Чед Лоу, со кого се разведе во 2007 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....