7.8 C
Скопје
01:43 - 31 март, 2026

Хари и Меган Маркл купија куќа во Европа: Ова значи само едно, во полза на Меган

Принцот Хари (40) и Меган Маркл (43) купиле имот во Европа. Како што пренесува Дејли Мејл, парот купил куќа во сончевата и топла Португалија. Ова се случило откако кралот Чарлс (75) минатата година одлучи дека парот повеќе не може да престојува во кралскиот Фрогмор Котиџ.

Тие не се единствените членови на кралското семејство кои решиле да купат имот во Португалија. Братучедката на Хари, принцезата Јуџин (34) и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк (38) поседуваат куќа во комплексот CostaTerra Golf and Ocean, луксузен комплекс лоциран покрај морето во Мелидес, јужно од Лисабон.

Не е познато дали тоа дополнително го мотивирало Хари да купи куќа таму, но се шпекулира дека тоа им дало право на златна виза, која им дава пристап до Шенген зоната на Европската унија. Ова би било голема привилегија за Меган, која е американски државјанин.

Откако се сврши со Хари во ноември 2017 година, палатата Кенсингтон објави дека Меган во догледно време ќе поднесе барање за британско државјанство. Извор близок до неа потврди дека ќе помине низ процес кој трае неколку години, но војвотката на крајот се откажа од тоа. Наводно затоа што се преселила во Америка со принцот во 2020 година.

Кралскиот пар веќе имаше можност да ја посети Португалија. Минатата година таму уживаа во романтичен одмор на кој тајно отпатуваа по Игрите Инвиктус кои се случуваа во Германија. Ова потоа го потврди Хозе Сантос, шеф на туристичкиот одбор на регионот Алентеја.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....