9.8 C
Скопје
08:40 - 19 март, 2026

Хали Бери ќе каже „да“: Актерката ќе „стапне на лудиот камен“ по четврти пат!

Актерката Хали Бери, и покрај трите брака што завршија со развод, не ја губи вербата во љубовта. Оскаровката во четвртокот потврди дека таа и нејзиниот избраник, музичарот и добитник на „Греми“ награда Ван Хант, се свршени и дека планираат венчавка. Радосната вест ја соопшти за време на гостувањето во Вечерното шоу со Џими Фалон.

„Имаше конфузија околу тоа дали ме запроси и дали сум одбила“, рече 59-годишната актерка. „Тоа не е точно. Не реков ‘не’ — едноставно сè уште немаме одреден датум.“ По кратка пауза, таа јасно додаде: „Секако дека прифатив. Ми стави прстен.“

Свeршеничкиот прстен е впечатливо парче накит со крупен централен дијамант, опкружен со геометриски мотиви и поставен на широка златна алка.

Бери и Хант се запознале во април 2020 година, преку неговиот брат, во време кога пандемијата на ковид-19 го парализираше светот. Првите четири месеци комуницирале исклучиво преку пораки и телефонски разговори, пред да се сретнат во живо.

„По третиот развод почнаа коментари од типот: ‘Што не е во ред со неа? Не може да задржи маж’“, се присети актерката. „Поради тоа со години избегнував интервјуа — ми беше доста од наративот ‘кутрата Хали’.“ Таа вели дека секогаш одговарала исто: „Кој вели дека сакам да задржам некого ако не е вистинскиот? Ова е најздравата врска што сум ја имала.“

Актерката отворено зборува и за личната работа на себе, потсетувајќи дека израснала со татко насилен алкохоличар. „Сфатив дека привлекувам луѓе со слични, нерешени трауми. Морав да се соочам со сопствената болка од детството, да се ослободам од товарот и да научам навистина да се сакам — за себе и за моите деца. Имаше многу непроспиени ноќи и солзи.“

Ова ќе биде четврти брак за Бери. Од првиот сопруг, бејзбол-ѕвездата Дејвид Џастис, се разведе во 1997 година по три години брак. Со вториот сопруг, пејачот Ерик Бене, бракот заврши во 2005 година, по две години, наводно поради неговото лекување од зависност од секс. Потоа беше мажена за актерот Оливие Мартинез, нејзин партнер од филмот Темна плима. Со него го имаат 12-годишниот син Масео, за кого, според наводи, актерката плаќа месечна издршка од 8.000 долари.

Слични објави

Хороскоп за 19 март: Рибите носат важна емотивна одлука, Овните чувствуваат нов почеток

Еспресо

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.
Се вчитува....