20:56 - 11 април, 2026

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Гвинет Палтроу привлече големо внимание на овогодишното доделување на Оскари, и тоа не само поради впечатливата модна комбинација. Актерката откри дека поради комплицираниот фустан имала прилично необичен проблем – цела вечер не можела да оди во тоалет бидејќи буквално морале да ја „зашијат“ во него. Свечената пригода, на која се појави првпат по повеќе од десет години, ја одбележа бела креација од модната куќа Giorgio Armani Privé.

Instargar

Комплициран фустан со проѕирни детали
Фустанот што го носеше имаше смели отвори од страните, покриени со светкава проѕирна ткаенина. Поради кројот што ја следеше линијата на телото и сложениот дизајн, актерката објасни дека практично ја сошиле во фустанот за да ѝ прилега совршено.

Instagram

Видео откри што се случувало зад сцената

Во видео објавено на јутјуб-каналот на нејзиниот бренд Goop, Палтроу ги сподели деталите од подготовките за црвениот тепих, вклучувајќи и видеоповик со ќерката Епл. „Прилично е едноставен, убав е“, рече за фустанот, додавајќи дека ја „зашиле“ во него. Токму затоа, како што призна, цела вечер не можела да оди во тоалет.

И покрај непријатноста, сè помина без проблем

И покрај оваа непријатност, актерката без потешкотии ја одработи својата улога на презентерка и притоа изгледаше многу елегантно. Стајлингот го надополни со дијамантски накит, бели чевли со високи потпетици и едноставно стилизирана коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgio Armani (@giorgioarmani)

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....