6.8 C
Скопје
20:27 - 10 март, 2026

Гвинет Палтроу одговори на критиките за чудниот начин на детоксикација: Има долг ковид, и супата од коски ѝ помага

Во последните неколку години, Гвинет Палтроу често беше во центарот на контроверзиите. На моменти дури, таа беше жестоко критикувана за нејзиниот секојдневен начин на живот и одлуките кои ги носи во истиот.

Неодамна таа објасни дека ќе продолжи со нејзината „чудна велнес рутина“ бидејќи смета дека тоа функционира за неа.

Палтроу често се опишува како „мајка бадем“ (термин кој се однесува на возрасните кои прават нарушувања во исхраната кај своите деца) иако доби „бран од критики“ на социјалните мрежи за нејзината употреба на озонска терапија.

Во подкастот „The Art Of Being Well“ Гвинет разговараше со нејзиниот пријател д-р Вил Кол, кој жестоко ја искритикува за некои од процедурите што таа ги застапува.

Во истиот поткаст, кој наиде на критики, актерката кажа дека вечера рано, дека пости, дека наутро „јаде“ само шолја кафе, а повеќето денови ручаа супа од коски.

„Потоа се обидувам да се движам еден час, потоа да прошетам, да правам пилатес или да вежбам со мојата Трејси Андерсон. Потоа правам суво четкање и одам во инфрацрвена сауна 30 минути. За вечера јадам според палео диетата – многу зеленчук. Навистина ми е важно да го поддржам мојот режим за детоксикација“, рече таа.

Како одговор на критиките за нејзиниот чуден режим на детоксикација, Палтроу сподели видео на својот Инстаграм профил каде што објаснува зошто го прави тоа што го прави.

„Имам „долг КОВИД“. Цело време се манифестира и ме враќа во нестабилна положба.“, рече таа на социјалните мрежи. „Работев со д-р Кол и навистина се фокусирав на посебен начин на исхрана… И, патем, јадам многу повеќе од супа од коски и зеленчук.“

 

 

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....