7.8 C
Скопје
01:51 - 24 март, 2026

„Госпоѓата знаела сè, зошто сега глуми жртва?“: Ана Николиќ со брутална реакција за ситуацијата на Милица Тодоровиќ

Пејачката Милица Тодоровиќ и понатаму е во центарот на јавноста поради семејната драма што изби по нејзиното породување. Откако во медиумите се огласи законската сопруга на нејзиниот партнер, случајот доби нова димензија, а сега реагираше и Ана Николиќ.

Николиќ на социјалните мрежи сподели видео од Тодоровиќ и остро ја искритикува постапката на сопругата на нејзиниот партнер.

„Може ли малку човечност? ‘Госпоѓата’ знаела сè ова и пред еден месец. Прашувам, зошто сега ова перфидно и подмолно глумење ‘жртва’?“, напиша Ана.

Фото: Скриншот

Да потсетиме, сопругата на партнерот на Милица во својата исповед изјави дека пред еден месец дознала оти нејзиниот сопруг очекува дете со пејачката, по што, како што тврди, се соочила и со Милица. Таа наведе дека со сопругот била во брак 19 години и дека имаат две деца, како и дека семејството „преживува пекол“.

Од своја страна, Милица Тодоровиќ неодамна се огласи со соопштение во кое порача дека станала мајка во „околности што не се едноставни“, но и дека не е подготвена јавно да изнесува детали за односот со својот партнер.

„Разбирам дека постојат силни емоции. Разбирам и туѓа болка. Но исто така морам да кажам – боли и мене. Боли кога за тебе се зборува без одговорност“, наведе пејачката, додавајќи дека кога ќе биде подготвена, ќе проговори мирно и со факти.

Случајот продолжува да ја бранува јавноста, додека дел од естрадата отворено зазема страна.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....