15.8 C
Скопје
13:50 - 10 март, 2026

Ѓорѓе Давид зборува за Бора Чорба: „Плачеше, не можеше да стои на нозе“

Рокерот и член на жири на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, уште додека Бора беше во болница на лекување, проговори за легендарниот музичар и опиша каква била нивната последна средба.

Потсетуваме, Бора Ѓорѓевиќ почина денеска во болница во Љубљана.

– Бора е вечен со се што направил во животот. Секогаш ќе биде присутен меѓу новите и старите генерации. Тој за мене е личност за радување, но човечкиот живот има времетраење. Жал ми е што е тоа мака, бидејќи мислам дека тој како човек кој воспитуваше генерации не заслужил да се мачи. Тој е меѓу моите пет ментори, беше најхрабар, ми даваше најмногу поддршка и критики – изјави Ѓорѓе Давид пред Бора да почине.

– Јас сум единствениот што доживеа да биде придружен вокал на „Рибља чорба“, но и „Рибља Чорба“ да ми биде придружен вокал. Мене ми е срам што знам дека луѓето објавуваа негови некролози додека беше жив – додава рокерот.

Потоа раскажа една анегдота.

„Чачак сакаше да му даде награда на Бора, а тој ми се јави да дојдам да бидам тука. Јас него тогаш го видов како плаче, а пред тоа никогаш него не сум го видел да плаче, тоа ми беше чудно. Тој беше толку среќен што ја доби таа награда. Плачеше, а доби аплауз што го воодушеви. Тој не можеше да стои на бината од толку емоции. Тогаш последен пат го видов“, рече Давид за „Стори“.

Слични објави

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.
Се вчитува....