15:59 - 12 април, 2026

„Горе во станот ми се двете ќерки“: Прво обраќање на Чеда Јовановиќ по доаѓањето на полицијата и извршителите

Политичарот Чедомир Јовановиќ ја објасни ситуацијата по доаѓањето на полицијата и јавните извршители во неговиот стан, каде живее со Александар Коса.

Јавните извршители се обиделе да спроведат постапка за иселување на Јовановиќ. По ова, се огласи и Третото основно јавно обвинителство во Белград, кое во соопштението наведува дека пред станот стоеле две лица, поради што на терен дошла и полицијата. Тие посочуваат дека за понатамошните мерки и евентуални одлуки ќе се одлучува по детална анализа на собраните податоци и целосно утврдување на сите факти.

Сега, Јовановиќ откри што се случило и зошто дошла полицијата. Новинарите го сретнале во гаражата, каде дал кратка изјава:

„Не се случи ништо, тоа е единственото што можам да кажам. Каде беше полицијата? Полицијата беше од други причини, не поради мене, и ништо не се случи. Не можете вака да ми влегувате во гаража. Не сакам да бегам од вас и сигурно нема да водам разговор во гаража, можете убаво да ме повикате. Сега имам обврски, горе ми се двете ќерки во станот и морам нешто да средам“ — кратко изјави Јовановиќ за порталот српски „Телеграф“.

Слични објави

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо
Се вчитува....