10:48 - 5 декември, 2025

(Фото) Големи трагедии ѝ се случија на Виолета Томовска, но ова е најголемата: Пејачката сепак продолжи напред

Многу трагедии преживеала нашата позната пејачка Виолета Томовска, но оваа го скрши целото семејство.

Познато е дека Виолета, една од нашите најдобри и најпознати пејачки, е голем борец. Таа успешно се избори со ракот на дојка, а потоа им помагаше на жените кои ја имаат истата мака. Нејзината позитивна енергија се гледа и на сцената.

Томовска пее повеќе од 60 години и во една прилика изјави дека многу би сакала да организира свој концерт, но не може тоа да си го дозволи со својата пензија.

– Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт – изјави Томовска во 2018 година. Таа тогаш додаде дека се надева оти за 60-годишниот јубилеј ќе успее да направи поголем концерт.

– Се омажив многу рано, на 19 години, да не останам немажена. Маж ми беше камерман, па и тој многу патуваше и јас. Имавме динамичен живот. Имав можност да одам на многу турнеи.

Почнав да купувам облека од странство. Секогаш бев практична при купувањето, да можам да комбинирам со повеќе работи, а особено на овие години внимавам на тоа.

На пример, на едно здолниште, два блејзера, за да можам да менувам. Некои работи пак, си стојат сѐ уште, бидејќи сум немала како да ги комбинирам, но и не било проблем, бидејќи сум била млада – раскажа Виолета во интервју за „Фешнел“.

Токму во ова време, на 30 ноември во 2020 година, се случи тажна случка во семејствто на Виолета Томовска. Засекогаш си замина Зоран Росоманов, зетот на Томовска, сопруг на нејзината ќерка Невенка. Наскоро ќе се навршат пет години од неговата смрт.

Познато е дека токму Невенка е девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“, која ја изведе легендата Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал.

Невенка и Зоран Росоманови, покојниот зет и ќерката на Виолета Томовска Фото / Принтсктин

 

На една од тие средби, кога ќерката на Виолета, Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за првпат испеана од Томовска и од Кирил Манчевски. Токму во име на љубовта, нејзиниот сопруг, сега веќе покојниот Зоран Росоманов го подготвил најнеочекуваното роденденско изненадување.

Виолета Томовска со ќерката Невенка Фото / Фејсбук

Тој направи реиздание на „Македонско девојче” испеано во несекојдневен стил, создадено за истата личност, да потсетува на специјалните моменти. Росоманов го собра фантастичниот тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја, и тоа беше подарок за неговата Невенка за 50-тиот роденден, во февруари во 2016 година. Новата верзија ја испеаја Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески.

– Сум имал среќа тоа девојче да ми припадне мене после извесно време. Триесетина години размислував таа идеја да ја продолжам – изјавил Зоран во една емисија на МТВ за својата сакана претходно.

За овој римејк беше снимен и спот. Ова беше неговиот подарок за сопругата. Зоран организираше сè во тајност за да ја изненади Невенка со преработката на песната и со спот. Потоа, таа остана без својата најголема љубов.

Зоран и Невенка беа во брак 30 години. Тој во една прилика ја раскажа целата случка за изненадувањето што ѝ го направил на својата сопруга. Невенка гордо продолжи без својата најголема поддршка, но со голема поддршка од пријателите.

Сега, најголемата поддршка ѝ е токму мајката која најдобро знае како ѝ е на ќерката. И Виолета, во 2011 година, ја загуби својата најголема поддршка, Јордан Томовски-Франц кој беше познат снимател, а си замина од овој свет во 2011 година.

Маја е втората ќерка на Виолета Томовска. Таа има два сина, Лука и Матеј. Виолета Томовска е горда баба на три внуци: Марија (ќерка на Невенка), Лука и Матеј (синови на Маја). Таа често зборува за нив со љубов и вели дека тие ѝ се најголемата радост во животот.

Лани, по повеќе од десет години, музичката легенда Виолета Томовска ѝ се врати на музиката. Таа сними преработка на својата песна „Заиграј со мене“, која оригинално ја сними во 1990 година со хармоникашот Милан Завков, кој е автор на музиката. Завков ненадејно почина на 7 февруари минатата година на 61-годишна возраст.

Новата верзија Томовска ја пее со дуото Дац и Александар, продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац.

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....