20:07 - 2 април, 2026

Германскиот вирусолог Дростен предупредува: Вирусот Мерс-КоВ е кандидат за новата пандемија

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасноста од нов вирус што може да предизвика пандемија.

Главниот вирусолог на берлинската клиника „Шарите” вели дека вирусот Мерс-КоВ, според него, е „кандидатот” за наредната пандемија.

Затоа, тој е со намера да формира мала работна група која ќе биде посветена на новиот вирус.
Вирусот Мерс (Средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата на коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот полуостров.

Како и коронавирусот и Мерс предизвикува респираторни инфекции, поради што Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира меѓу „приоритетните болести”, на кои им се посветува големо внимание.

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....