7.8 C
Скопје
19:31 - 10 март, 2026

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Ервин Мујаковиќ, кој македонската јавност го запозна преку реалното шоу „Големиот брат“, повторно е во фокусот – овојпат поради драстичната физичка трансформација.

Некогаш препознатлив по витката и атлетска градба, Мујаковиќ денес изгледа значително поинаку. Тој откри дека моментално има 170 килограми и дека свесно го сменил пристапот кон тренингот.

„Отидов повеќе во ‘стронгмен’ стил“, изјави тој за „Сцена“, објаснувајќи дека повеќе не тренира со цел дефиниција или намалување на тежината, туку дека фокусот му е ставен на силата и издржливоста.

Фото: Инстаграм/Ервин Мујаковиќ

Во споредба со претходно, повеќе не практикува кардио-вежби, особено интервални тренинзи и долги прошетки. Како што вели, поради здравствени причини морал да ги избегнува тие активности.

„Се чувствувам феноменално. Само кардиото малку повеќе трпи, односно побрзо се задишувам, но тоа е разбирливо со оглед на килограмите“, посочил тој.

Ервин претходно / Фото: Инстаграм

Мујаковиќ нагласува дека се чувствува силно и задоволно и дека му е поважно да гради физичка моќ отколку да се стреми кон класичен фитнес-изглед.

Инаку, во 2022 година доживеал тешка повреда во теретана. Станувало збор за сериозна дискус хернија, поради која неколку месеци бил речиси неподвижен. Периодот на закрепнување значително влијаел врз неговиот изглед и телесна тежина, но како што самиот истакнува, тој го прифатил тој процес и новата фаза од својот живот.

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....