7.8 C
Скопје
23:47 - 30 март, 2026

(Фото) Во Америка се ожени водителот Дамјан Дренковски, Лила ги сподели деталите

Поранешниот водител Дамјан Дренковски се ожени во Америка со својата сакана Александра Огненовска, а за убавите вести на социјалните мрежи се пофали Лила Филиповска, негова блиска другарка.

Пред неколку недели, Александра објави видео на кое го покажа свршеничкиот прстен откривајќи ѝ на јавноста дека тој ја прашал дали ќе му биде сопруга, а таа со радпст прифатила. Двојката веќе неколку месеци живее во Америка и споделуваат интересни видеа од нивните заеднички патувања.

Фото/ Инстаграм

Слики од свадбата сподели и невестата. Таа била облечена во шик краток фустан, а на забавата виле нивните најблиски пријатели од Америка. Александра на Инстаграм знае да се пошегува со разликата во висината.

„Сонот на една ниска девојка: да го најде својот висок дечко и заедно да освојуваат сè – дури и горната полица во кујната!

Од крадење бакнежи на прсти до чувство дека се на врвот на светот, вистинска комбинација!

Кому му треба скаличка кога имаш висок дечко за да ги достигнеш ѕвездите и ниска девојка што ќе го излуди од љубов?“, напиша неодамна Алекандра.

Инаку, Дамјан пред се пресели во САД, живееше во Дубаи и работеше во авиокомпанија, па се врати во Македонија. Сега, Америка е нговиот нов дом,

Фото/ Инстаграм

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....