16:37 - 7 април, 2026

(Фото+видео) Дани откри детали за бракот и за тоа зошто со Горан решиле да се венчаат

Дани Димитровска, која во септември се омажи за својот сакан Горан Веселиновски – Весел, сосема се отвори за својот брачен живот.

– Ние сме многу долго време заедно, живееме заедно веќе девет години, така што не  мислам дека нешто е сменето, сѐ си е најнормално како што било и претходно. Баш се шегуваме на таа тема, што треба да се смени за да се почувствуваме дека сме официјално сопруг и сопруга.

Сѐ си е океј, тоа беше една забава за да заокружиме 10 години од нашето заедничко постоење. Па си рековме, кога веќе правиме забава зошто да е биде официјално, да ги усреќиме нашите родители и така натаму.

Фото / Инстаграм

Мене бракот како потпис и како некоја општесвтена норма за исполнување не ми значи ништо, но е добар повод ете, ако тоа се нарекува круна на љубовта, нека биде така. Мене не ми значи ништо. Важно ми е да се разбираме, да се сакаме и да бидеме заедно – рече пејачката за „Хајп“ ТВ. 

Во септември, со фотографијата од венчавката, Дани само кусо напиша: „Госпоѓа и господин“. На другата фотографија е и нејзиниот син Лазар кој дојде од Холандија и уште една млада девојка. Може да се забележи дека најсреќен и најнасмеан на фотографијата бил токму Лазар.

Фото / Инстаграм

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....