7.8 C
Скопје
10:51 - 1 април, 2026

(Фото) Весна Змијанац пуштена дома од болница: Зетот Реља дошол по неа со такси, еве како изгледа пејачката по операцијата

Пејачката Весна Змијанац, која пред неколку дена беше оперирана во Ургентниот центар, денеска е пуштена на домашно лекување. По неа во болницата дошол нејзиниот зет, Реља Поповиќ, по што двајцата со такси се упатиле кон домот.

Како што може да се види од ексклузивните фотографии на „Курир“, Змијанац ја напуштила болницата дискретно, со капа, шал и очила за сонце. Реља бил видно расположен и насмеан, а кратко разговарал и со медицинскиот персонал, кој го информирал за здравствената состојба на пејачката.

Според информации од близок извор, пејачката се чувствува добро и за околу еден месец треба повторно да се јави на лекарска контрола.

Да потсетиме, Весна Змијанац беше оперирана пред четири дена, кога ѝ беше извршена ревакскуларизација на артерија поради итноста на нејзината состојба. При интервенцијата ѝ биле вградени три стента кои ослободуваат лек.

Како што тогаш изјави извор запознаен со случајот, пејачката имала сериозно стеснување, односно затнување на еден од најважните крвни садови на срцето – главното стебло на левата коронарна артерија.

Со оваа интервенција протокот на крв бил повторно воспоставен, со што се спречува инфаркт и се подобрува работата на срцето. Фактот што се вградени три стента укажува дека стеснувањето било подолго или присутно на повеќе места.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....