13:57 - 5 декември, 2025

(Фото) Вака изгледа станот на Аца Лукас вреден над половина милион евра: За да го купи, позајмил пари од Саша Поповиќ

Аца Лукас

Гостувајќи во емисијата „Ами џи шоу“, популарниот пејач го покажа својот луксузен стан.

Имено, Лукас живее во белградската населба Вождовац во луксузен стан, односно како што тој вели – во пенхтаус, а како што се шпекулира во српските медиуми, за пентхаусот платил 500.000 евра.

Судејќи по мебелот, не се штедело ниту на опремување. Како што е познато, тој живеел во овој стан додека бил во брак со Соња, но по разводот се договориле тој да остане во овој луксуз.

На влезот од станот, од десна страна, се простира огромна дневна соба во која Лукас поминува најмногу време. Во еден дел се наоѓа бел клавир, и клавијатура. Бидејќи Аца е голем љубител на видео игри, не недостигаат ни џојстици. Главен акцент во дневната соба е на масата.

Секој детал очигледно е посебно избиран според вкусот на Лукас. Во дневната се наоѓа и огромен портрет на пејачот. Покрај портретот, Лукас има и спомени со своите деца, но и цртежи од својата наследничка Викторија. Во еден агол се сместени многубројните награди кои ги добил во текот на богатата кариера.

Во кујната се си има свое место, без премногу детали.

Во средината на собата на пејачот се наоѓа огромен кревет, а на полиците има различни детали како и спомени со најблиските.

Станот на пејачот неколку пати бил во центарот на интересот, почнувајќи од тоа како го купил, на чие име е регистриран, па до тоа дека извршителите му тропнале на врата. Аца никогаш не криел дека од Саша Поповиќ позајмил половина милион евра за да купи стан, а кога го подмирил долгот, недвижноста останала во сопственост на пејачот. Лукас наводно сосема го подмирил долгот кон Саша.

(Фото) Каква убавина! Ѕирнете во апартманот што Петар Грашо го купи на Јахорина: Зимска идила со поглед на борова шума

Слични објави

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin
Се вчитува....