6.8 C
Скопје
05:19 - 31 март, 2026

(Фото) Убавицата Моника Црнокрак се закити со титула Мис Фотогеничност на Мис на Европа

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023година. Нашата држава ја претставуваше 24годишната убавица Моника Црнокрак која успеа да ја освои титулата Мис Фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави. Победничка, односно Мис на Европа за 2023г е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија.
Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Organization од Либан, која традиционално веќе со години овој најголем европски избор за убавина го одржува во Бејрут.
“Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно кје го паметам цел живот”, изјави веднаш по финалето од Бејрут нашата Моника, која е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, сопствениците на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....