19:10 - 6 април, 2026

(Фото) Тивка луксузна оаза на Дунав: Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ се селат во нов стан!

Актерскиот пар Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ, кои се во брак од 2008 година, наскоро ќе го променат своето место на живеење. Како што дознаваат српските медиуми, тие купиле нов стан во Земун, со прекрасен поглед кон Дунав.

Иако веста станува актуелна дури сега, двојката ја пазарила некретнината пред речиси една година. Поради тоа што сакале новиот дом внимателно да го уредат по свој вкус, не брзале со преселбата.

Станот се наоѓа во зграда од постара, но квалитетна градба и е опкружен со зеленила, паркови, многу паркинг-места и смирен соседски амбиент – токму она што било пресудно за парот да се одлучи за овој крај. Според извор близок до семејството, новиот дом има значително поголема квадратура од сегашниот во кој живеат, а со оглед дека нивните ќерки растат, просторот им станал тесен.

„Слобода и Војин го купија станот пред повеќе од една година. Одлучија за овој дел од градот затоа што им одговара сè – локацијата, мирот, квалитетот на зградата. Тие се многу скромни луѓе и никогаш не бркале луксузни населби, туку простор што ќе им биде удобен и функционален. Затоа не брзаа со преселбата, туку го реновираа домот постепено и по своја мера“, открива изворот.

Двојката останува релативно блиску до претходното живеалиште на Нов Белград – меѓу двете адреси има само неколку минути возење по широкиот булевар.

Не е познато дали ќе го продадат станот што го поседуваат на Нов Белград или ќе го задржат како дополнителна некретнина. Во текот на бракот, тие стекнаа и пространо имение во Чортановци, каде што често го поминуваат слободното време. Таму одгледуваат околу 60 чокоти винова лоза, имаат базен и живописен двор, а Слобода често споделува фотографии од оваа своја оаза.

Семејството најмногу ужива во празничните денови поминати во Чортановци, заедно со своите ќерки Вера и Мила. Слобода понекогаш објавува моменти од виноградот, а Војин познато е дека обожава риболов. За време на изградбата на викенд-куќата тој беше „сам свој мајстор“ – заедно со блиски пријатели го изгради помошниот објект без ангажирање компании.

Слични објави

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо
Се вчитува....