Милош Стојановиќ Тигар, свршеникот на водителката Јована Јеремиќ, веќе некое време престојува во Грција, а сега реши да го посети најголемото православно свето место во оваа земја.
Имено, Тигар ги посети манастирите на Света Гора, а потоа се фотографираше пред Хиландар.

Тој е на обиколка на ова светилиште со своите пријатели, а ги покажа и неверојатно убавите пејзажи од ова место.
Пред неколку дена, Тигар објави и фотографии од Грција, па во таа пригода позираше во природата на морскиот брег и го покажа мирот што го опкружува.

