13.8 C
Скопје
15:38 - 26 октомври, 2026

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта ги споделија првите моменти со новородениот син Лука во семејниот дом, каде што за неговото пристигнување ги пречека посебно подготвена атмосфера.

Парот на 1 октомври стана родител за првпат, а во изминатите денови со своите следбеници сподели дел од најубавите мигови од почетокот на новото животно поглавје.

Со насмевка на лицето, Стефан пристигна во болницата за да ги земе Марта и нивниот син, а заминувањето на тричленото семејство го одбележа со кратка, но емотивна порака.

„Победив“, напиша тој покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)


По излегувањето од болница, Лука пристигна во својот дом, каде што го пречека декорација со балони и мечиња, како и торта подготвена по повод доаѓањето на најновиот член на семејството.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Марта, пак, објави и емотивно видео снимено во болничката соба. На почетокот таа позира со трудничкото стомаче, а веќе во следниот кадар го држи новородениот Лука во прегратка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta✨ (@__qmarr__)


Новопечените родители им овозможија на своите следбеници да видат и дел од нивното ново секојдневие. На една од објавените фотографии, малиот Лука мирно спие во своето бебешко креветче.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....