13.8 C
Скопје
15:38 - 26 октомври, 2026

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Српската пејачка Наташа Беквалац наводно ставила крај на љубовната врска со поранешниот фудбалер С. Р., со кого во изминатиот период се гледала далеку од очите на јавноста.

Како што пишува српски „Курир“, повикувајќи се на извор близок до пејачката, Беквалац сакала нивниот однос да остане приватен, но откако информацијата за романсата се појавила во медиумите, двајцата наводно решиле да продолжат по одделни патишта.

Не се појавил на нејзиниот роденден

Гласините за разделбата дополнително се засилиле откако С. Р. не присуствувал на роденденската прослава на пејачката. Подоцна српските медиуми го фотографирале во ноќно излегување во Белград, во друштво на непозната девојка.

Изворот на „Курир“ тврди дека Наташа и поранешниот партнер останале во добри односи и дека пејачката сега сака вниманието да го насочи кон професионалните обврски.

„На Наташа ѝ беше убаво со С. Р., но навистина се трудеше таа врска да ја чува во тајност. Потоа се дозна и таа одлучи да стави крај и секој да продолжи по својот пат. Планира сериозни чекори во кариерата, па приказните за ново момче не ѝ се потребни. Тие останаа во добри односи, што е вообичаено кај Наташа. Таа нема проблем да остане во добри односи по раскинувањето“, вели изворот.

„С. Р. не се појави на нејзиниот роденден бидејќи немаше ни потреба – тие веќе беа раскинати, а поранешните не се канат на роденден“, додал тој.

Врската ја чувале подалеку од јавноста

Според претходните пишувања на српските медиуми, Наташа и С. Р. се запознале неколку месеци претходно и од почетокот настојувале нивниот однос да не биде јавно експониран.

„Убаво им е заедно и двајцата сакаат да го развиваат односот без притисок од јавноста. Токму затоа избегнуваат места на кои би го привлекле вниманието на фотографите и медиумите“, тврдеше тогаш извор близок до нив.

Истиот извор посочи дека двајцата заедно патувале и на Миконос, но дека за врската знаел само тесен круг нивни блиски пријатели.

Според најновите информации на „Курир“, Беквалац сега е насочена кон кариерата и подготовките за претстојните професионални проекти, меѓу кои и плановите за концертна турнеја.

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....